Екипата на Нант славеше со 25:21 против Сесон Рен. Македонскиот селектор, но и капитен ниту вечерва не беше расположен голгетерски. Имаше шест обиди кон противничкиот гол, а постигна само еден гол. Ова ретко се случува со нашиот најдобар ракометар. За потсетување на претходниот меч против Ним имаше пет обиди, но не постигна ниту еден погодок.
