Владата утре ќе расправа за воведување на дополнителни рестриктивни мерки на граничните премини, со цел спречување на ширењето на Ковид-19. На сите кои ќе влезат или излезат од државата, ќе им се бара сертификат за вакцинација, негативен тест не постар од 72 часа или доказ дека прележале корона вирус.
Воведувањето на ваквата мерка, според доктор Ненад Лазаров, е задоцнето поради тоа што, како што вели, Делта сојот веќе е многу распростран во нашата земја. Смета дека мерките се бесмислени бидејќи се донесени многу доцна.
Министерот Филипче смета дека моментално нема потреба од полициски час и поригорозни мерки.
Но, Лазаров вели дека потреби се поригорозни мерки, бидејќи состојбата е сериозна.
Лазаров нагласува дека вакцинацијата е неопходна, како и почитувањето на мерките за заштита од Ковид 19, како што се дистанца, маска и хигиена. Министерот Филипче изјави дека во градовите каде има повеќе вакцинирани, има помалку нови случаи и обратно. Во меѓувреме, од Здравствените институции во САД пристигна препораката за трета доза на вакцина против Ковид за пациенти кои имаат нарушен имунитет, пациенти кои имале трансплантација и се со хронични заболувања.