Седум светски шампиони со македонската сениорска репрезентација, Кирил Лазаров кој е блиску до самиот крај на својата кариера како професионален ракометар полека ги споделува впечатоците од настапите на Мундијалот.
Резултатите не се најдобри, останува уште една шанса в недела од 15.30 часот избраниците на селекторот Данило Брестовац против Белорусија да се прикаже подобро и запише нов триумф.
– Македонија го сака спортот, особено ракометот. Веќе имаме со години квалитетна репрезентација, често сме на големи натпреварувања, европски и светски шампионати, имаме некој континуитет. И целиме кон тоа да се задржиме и малку да се подобриме во наредните години.
Тоа воопшто не е лесно, имаме и добар клупски ракомет, знаеме дека Вардар 1961 двапати беше шампион на Европа и тоа е за, тоа треба да се честита.
Македонија тагува после сите овие наши порази со голема разлика, верувајте и мене не ми е лесно. Доколку некој те сака и ти дава внимание, тоа треба да се почитува. Не се претставивме достоинствено, иако имаме промена на генерации.
Треба достоинствено да се губи, да се бориш до крај, да не с предаваш предвреме. Можеби ова Светско првенство добро ни дојде, ете дојдовме до некое дно, а потоа полека да пробаме со некоја добра стратегија да одиме напред – рече Лазаров.
Ристовска: Лазаров уште утре би можел да биде селектор на Македонија!