„Не смее разговорите со Бугарија да се остават само на политиката и да останат само на разговори. Треба да се потпишат конкретни договори со конкретни рокови и да се најде начин да се избегне бавното и скапо градење на инфраструктурните проекти“ кажа претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров во вестите на Сител.
Тој додаде дека потребно е брзо да се инвестира во инфраструктурните проекти, бидејќи ниту цената за изградба на автопати, државите од регионот ја платија со иселувањето на повеќе од еден милион жители.
„Ништо не го спречува бугарскиот бизнис во Северна Македонија, ниту македонскиот во Бугарија, но како да зборуваме за трговија кога имаме мали гранични премини со по една лента за камиони и возила. Каков проток да очекуваме?“ запраша Лазаров.
Тој додаде дека мора да се направи инфраструктурата, која ќе служи како магнет за логистичките центри, хотелите и се што е пропратно за еден модерен коридор и автопат.