Капитенот Кирил Лазаров оцени денеска дека македонската ракометна репрезентација со бледите изданија на Светското првенство го „допре дното“ и оти сега е потребна макотрпна работа за враќање на старите патеки.
Во интервју за официјалниот сајт на Хрватската ракометна федерација (ХРС), Лазаров истакна дека генерациската смена низ која минува репрезентацијата не е оправдување за резултатскиот дебакл на Мундијалот во Египет.
-Македонија тагува по сите овие порази со висока разлика, но верувајте ми дека ниту мене не ми е лесно. Иако имаме смена на генерацијата, мораме да бидеме искрени и да кажеме дека тоа не е оправдување што не се прикажавме во достоинствено светло. Можеби нам ова СП ќе ни биде добредојдено, бидејќи на извесен начин ние го допревме дното и сега треба да пробаме со добра стратегија да наградуваме, истакна македонскиот капитен, кој во Египет го игра седмото СП во македонскиот дрес.
-Горд сум што го носам дресот на македонската репрезентација веќе 22 години. Иако пред ова Светско првенство знаев дека не сме во добро ситуација, бидејќи имаме смена на генерацијата, го прифатив повикот и во договор со Федерација дојдов да им помогнам на овие млади играчи и да им пренесам дел од моето искуство. Напорно ми е, но не ми е тешко, бидејќи ова го работам со срце, додаде Лазаров во интервју за ХРС.