Неверојатен успех на македонскиот ракометен генијалец.
Нашиот генијален тренер и ракометар од Нант, Кирил Лазаров, постави рекорд во ракометната Лига на шампиони, што се чини неверојатно и тешко дека некој ќе го собори овој рекорд.
Лазаров го одигра својот прв натпревар во Лигата на шампионите во 1995 година како 15-годишник и ќе го одигра своето 17 четвртфинале во тоа натпреварување против Веспрем.
Ова е негово трето четвртфинале во дресот на француски Нант, а најголемиот дел од нив, дури осум, ги собра во дресот на Веспрем, во периодот од 2002 до 2007 година.
Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 1471 голови пред два дена го прослави својот 41 роденден и неодамна изјави дека планира да игра ракомет и следната сезона.