Судирите продолжуваат во градот Рафа и на југот на окупираната палестинска енклава и покрај соопштението објавено вчера од израелската армија со кое најави тактички паузи во воените операции во зоната на конфликтот во Појасот Газа со цел да се достави хуманитарна помош, изјави денеска шефот на Агенцијата за помош на ОН на Палестинците (УНРВА) Филип Лазарини на прес-конференција во Осло.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ги критикуваше плановите објавени од израелската армија за дневни паузи во борбите долж еден од главните патишта што водат во окупираната палестинска енклава.

Комесарот на УНРВА, Филипе Лазарини, главната организација за испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа, потврди дека нема пауза во борбите.