Сашо Лазаровски, од Иницијативниот одбор запромени во ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во емисијата Студио 10 на Телевизија 24, изјави дека конечно лидерот на партијата Христијан Мицкоски треба да даде отчет, бидејќи партијата не се движи во добра насока. Како што вели тој поради тоа е закажан вонредниот конгрес на 28-ми март. Лазаровски додава дека треба заеднички да се реши во која насока треба да се движи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сегашната насока не е добра.
-Се собираме и сакаме Мицкоски да излезе пред нас, заеднички да решиме што понатаму. 28 март е закажан Конгресот. Ние веќе го закажавме Конгресот, тој во почетокот тргна дека сме мала група, а сега гледаме дека закажува редовен Конгрес во ноември, најверојатно тоа е стравот во ВМРО-ДПМНЕ, се надеваме дека ќе преовладеа разумот, ќе дојде и ќе ни објасни што му е намерата во иднина, да даде отчет, вели Сашо Лазаровски од Инцијативен одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.