Поранешниот амбасадор во Брисел и Луксембург Лазар Еленовски, е гостин вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21.

Еленовски истакна дека има ковид пасош, и во емисијата објасни како изгледа.

„Тука има податоци за тоа кога имам прележано, вакцинација и со овој пасош може да се патува секаде во ЕУ. И овој важи шест месеци. И после шест месеци мора да се обнови со вакцинација или со тест за антитела. Јас прележав во април, и имам голем број на антитела“, рече Еленовски.

Еленовски најпрво го честиташе роденденот на ТВ21, и се обрати и на албански јазик.