Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров в недела во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. Се очекува Вучиќ и Лавров да разговараат за односите меѓу двете земји и ситуацијата на Западен Балкан. Денеска Вучиќ ќе се сретне со вицепремиерот на Русија, Јуриј Борисов, копретседавач на Меѓувладиниот комитет за соработка меѓу Србија и Русија, кој е во дводневна посета на Србија.

Advertisements

Вучиќ кој вчера учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ изјави дека Србија, додека е на својот европски пат, мора да се грижи за себе и за своите односи со Русија и Кина, и оти никој не може обвини ја дека сака да „преживее“. „Сакам да верувам дека иднината на Западен Балкан е навистина во Европската унија, но никој нема право, да не обвини што сакаме да живееме и ние ќе преживееме“, рече тој за новинарите по самитот ЕУ-Западен Балкан.

Прикажи повеќе