Ризикот од нуклеарна војна е сериозен и реален, истакна рускиот МНР Лавров. Тој во интервју за руската државна национална телевизија потенцираше дека Кремљ прави се што е во нивна можност да ги намали шансите за таков потег кој би резултирал со трета светска војна.
Русија се стреми да ја елиминира заканата од нуклеарна војна и покрај големите ризици во моментов. Опасноста е сериозна и реланна, и не смеема да ја потцениме рече Лавров, истовремено обвинувајќи го украинскиот претседател Зеленски дека само глуми, и дека во моментов не течат никакави мировни преговори. Уште еднаш нагласи дека испораките на оружје од земјите членки на НАТО во Украина се легитимна цел на руската армија.
По интервјуто на Лавров со рекација се јави неговиот украински колега Дмитро Кулеба, кој на твитер напиша дека со ова Русија ја губи последната надеж да го исплаши светот да не ја поддржи Украина.
Кога веќе полна да се зборува за реална опасност од Третата светска војна, значи дека Москва чувствува пораз во Украина. Затоа, светот мора двојно да ја поддржи Украина за да победиме и да ја заштитиме европската и глобалната безбедност, напиша Кулеба на Твитер.
Инаку, ваквите изјави од Москва доаѓаат нецели 24 часа од посетата на Украина од страна на американската делегација составена од Државнбиот секретар Ентони Блинкен и американскиот секретаер за одбара Лојд Остин, кои на средбата со Зеленски договорија воена помош за властите во Киев во износ од над 700 милиони долари.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш пак денеска во Москва ќе разговара со рускиот претседател Путин и министерот за надворешни работи Лавров, со цел изнаоѓање мировно решение за војната во Украина.