Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги демантираше шпекулациите дека претседателот Владимир Путин е болен.
„Мислам дека нормалните луѓе не гледаат знаци на болест кај Путин“, рече Лавров, пренесе Гардијан.
Лавров рече дека Путин, кој во октомври ќе наполни 70 години, секојдневно се појавува во јавноста.
„Го гледате на екраните, ги читате и ги слушате неговите говори. Оставам на совеста на оние кои ги шират гласините“, изјави Лавров.
Претходните денови беа објавени неколку тврдења за здравјето на првиот човек на Русија, меѓу кои и тврдењето дека бил опериран од рак, па дури и наводни проценки дека му остануваат уште две или три години живот, како и дека место него во јавност излегува двојник, а Путин одамна е мртов.
Сепак, здравјето и приватниот живот на Путин се табу теми во Русија и за нив речиси никогаш не се зборува јавно.