Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека испраќањето мировни сили во Украина може да доведе до директна конфронтација меѓу Русија и НАТО, пренесува Ројтерс.
Полска минатата недела кажа дека меѓународна мировна мисија би требало да биде испратена во Украина и да ѝ се дадат средства за одбрана.
„Се надевам дека знаат за што зборуваат“, им кажа Лавров на професорите и студентите на Московскиот државен институт за меѓународни односи.
„Ова би бил директен судир меѓу руските и оружени сили на НАТО кој сите се обидуваат да го избегнат, веќе кажаа дека во принцип не треба да се случи“.
Москва го обвини Киев дека ги оддолжува мировните преговори давајќи предлози кои се неприфатливи за Русија. Киев возврати дека е спремен на преговори, но дека нема да се предаде ни да ги прифати руските ултиматуми.
Лавров кажа дека украинските власти се откажале од сопствените предлози на преговорите, што го отежнува постигнувањето резултат.
„Преговорите се тешки бидејќи украинската страна постојано го менува мислењето и се откажува од сопствените предлози“, истакна Лавров.
Украинскиот претседател Володими Зеленски кажа денес дека разговорите со Русија биле тешки и понекогаш на раб на конфликт.