Академија Пандев го забележа четвртиот триумф во новата сезона и во моментов се лидери во МПФЛ со 13 бодови. Од шест кола имаат четири победи, едно реми и еден пораз. Попладнево ја совладаа Македонија ЃП со 4:1. Бихорац, Мирчевски два и Силва Сена дос Сантос беа стрелци на головите. На спротивната страна, за популарните „Лавови“ единствениот гол го постигна Воша и тоа во првиот напад, односно во првата минута од мечот, но потоа следуваше потоп.
Резултати ПМФЛ, 6.коло
Академија Пандев – Македонија ЃП 4:1
Борец – Пелистер 2:1
Работнички – Брегалница 2:0
Струга – Скопје :0
Тиквеш – Ренова 0:2
Шкендија – Шкупи (14.09.2021)
Табела: Академија Пандев 13, Струга 12, Ренова 11, Работнички 11, Шкупи 10, Македонија ЃП 9, Брегалница 7, Борец 7, Шкендија 6, Скопје 5, Тиквеш 2, Пелистер 1.