Стражарка во зоолошката градина во северозападна Германија била нападнат и повредена од лав додека го чистела неговиот кафез, пренесуваат германските медиуми.
Инцидентот се случил во зоолошката градина во Оснабрик.
Лавот ја нападнал 25-годишната чуварка, а полицијата за германската агенција ДПА изјави дека девојката е полесно повредена, но дека сепак е хоспитализирана поради подетален преглед.
Зоолошките градини во Германија се уште се затворени како дел од рестриктивните мерки за борба против пандемијата на Ковид-19.