Одличниот напаѓач Лаутаро Мартинез и Интер конечно постигнаа договор во кој ќе има клаузули на кои инсистираа и двете страни.
Напаѓачот ќе потпише нов договор кој ќе важи само една година повеќе од актуелниот, но на Лаутаро Мартинез ќе му биде исполнета желбата за поголема плата како и да се вметне откупна клаузула која ќе изнесува 111 милиони евра.
Од друга страна, Интер инсистираше на анти-Јуве клаузула, односно Аргентинецот ќе мора да плаќа милионски пенали доколку премине во редовите на најголемиот ривал.
Откако се договорија за сите детали, Лаутаро Мартинез ќе потпише договор со 2024 година, со што стави крај на шпекулациите дека по секоја цена сака да оди во Барселона. Токму каталонскиот клуб минатото лето се обидуваше да го донесе Мартинез на „Камп Ноу“ но немаше пари да го плати обесштетувањето кое го бараше италијанскиот тим.