Новоизбраниот лидер на Германската христијанско-демократска унија (ЦДУ), Армин Лашет, денеска вети дека ќе поведе дијалог со сите демократски партии во земјата и рече дека во денешно време е потребно сите демократи да се обединат.
-Особено во овие денови што ги живееме во светот, фразата „единство, правда и слобода“ е поактуелна од кога било порано, рече Лашет, алудирајќи на една строфа од германската химна, пренесуваат британските медиуми.
Новиот лидер на ЦДУ повика на заедничка борба за овие принципи против сите оние кои, како што кажа, сакале да ги загрозат.
Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска го избра Лашет за нов претседател на партијата.