Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има големи планови.
Човекот кој го водеше клубот до голем успех во неговиот прв мандат од 2003 до 2010 година сега има големи планови за иднината и сака да ја врати Барселона на самиот врв на европскиот фудбал.
Иако клубот е во огромни долгови, Лапорта ќе се обиде да донесе големи засилувања, а каталонските медиуми тврдат дека Ерлинг Халанд и Давид Алаба се на неговиот список на засилувања.
Ова лето ќе се обиде да донесе барем еден од нив. За Халанд е потребно да се издвојат вкупно 100 милиони евра со провизии, а Лапорта би ги собрал овие пари со продажба на одредени играчи.
Од друга страна, Давид Алаба може да дојде како слободен агент. Сепак, неговиот агент Пини Захави тврди дека „нема вистина“ дека било што е договорено со каталонскиот клуб.
Захави и Алаба разбеснуваа многу клубови во минатото со бројни барања за потпис и ќе биде интересно да се види каде ќе заврши.
Барселона е само една опција во овој случај.