Барселона синоќа се прости од Лигата на шампионите во осминафиналето и јасно е дека се потребни големи промени во клубот на крајот од оваа сезона.
Пред неколку дена се одржаа претседателски избори на кои убедливо победи Жоан Лапорта, која по десет години се врати во клубот.
Барселона доминираше во Европа додека Лапорта беше претседател и јасно е дека тој сега е под огромен притисок да се обиде да го врати клубот таму каде што беше во претходниот мандат.
Шпанските медиуми пишуваат дека Лапорта веќе ја започнал акцијата и дека планот е да се освежи тимот, и да се донесат неколку звучни засилувања.
Целта ќе биде да се донесат играчи на кои им истекува договорот, а целите се Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Мемфис Депај и Давид Алаба. Исто така, главната задача е Меси да го продолжи договорот, а Лапорта е сигурен дека Аргентинецот ќе остане во Барса.
Трансфермаркт денес објави како Барселона може да изгледа во следната сезона според сегашните шпекулации за засилувања.
Можен состав на Барселона: Тер Штеген, Дест, Пике, Гарсија, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Депај, Гризман, Меси, Депај, Агуеро.