Жоан Лапорта е главниот кандидат за нов претседател на Барселона.
Поранешниот прв човек на клубот повторно сака да дојде на кормилото на каталонскиот великан, а негови противници на изборите се Виктор Фонт и Тони Фреикса.
Лапорта има навистина големи ветувања пред изборите закажани за 7 март, и тој ги спомна можното доведување на Ерлинг Халанд и престојот на Лионел Меси во клубот.
„Халанд? Ако има потреба да се засили тимот, моите карти се подготвени да играат“, рече Лапорта и додаде:
„Имам решение за сè со што се соочуваме. Навивачите на Барселона можат да бидат сигурни дека клубот ќе застане на нозе“, рече Лапорта.
Главната цел е да го убедиме Меси да остане во клубот.
„Посветен сум да го убедам Меси да остане во клубот. Ќе се обидам да го убедам да остане и да ја градиме иднината на клубот заедно. Знам дека ќе се натпреваруваме против клубови кои можат да му понудат многу повеќе пари”, изјави Лапорта.
Лапорта беше претседател на клубот од 2003 до 2010 година и со него Барселона освои апсолутно сè.
loading…