Мино Раиола вчера беше во Барселона каде разговараше со Жоан Лапорта.
Раиола пристигна во Шпанија со таткото на Ерлинг Халанд, а тие разговараа со претседателите на Барселона и Реал Мадрид за можен трансфер на напаѓачот на Борусија Дортмунд.
Сепак, шпанските медиуми пишуваат дека Раиола и Лапорта не разговарале само за Халанд, туку дека имале и други теми.
Ел Чирингито денес соопшти дека Раиола и претседателот на Барселона разговарале за уште еден негов клиент, а тоа е Матијас де Лихт, кој моментално игра за Јувентус.
Барса се обиде да го донесе Де Лихт пред неколку години, но тој тогаш ја избра Старата дама. Наводно, Лапорта се распрашал дали има шанса Холанѓанецот да дојде во Барселона ова лето и сега стрпливо чека одговор од Де Лихт.
Каталонците сакаат да ја освежат бековската линија што очајно им е потребна. Покрај Де Лихт, мета е и Ерик Гарсија, кој би можел да пристигне на крајот на сезоната како слободен агент од Манчестер Сити.