Овој радар-набљудувач се управува од контролен центар и подоцна ќе го замени постариот сателит Сентинел како дел од програмата Коперник. Радарската технологија ќе може да ја снима површината на Земјата во сите услови, дење и ноќе, без оглед на временските прилики.

Раководителот на контролниот центар на Европската вселенска агенција (ЕСА) во Дармштат, Германија, Јозеф Ашбахер, потсети дека програмата Коперник овозможува следење на состојбата на мразот, развојот на земјоделството, климата и климатските промени, бурите и поплавите, а радарот на вселенското летало може да продира низ облаците.

Тој додаде дека сондата, која чини помеѓу 200 и 300 милиони евра, може да детектира промени на Земјата до милиметарска скала од надморска височина од околу 700 километри. Коперник е заеднички проект на Европската комисија и ЕСА.

Според ЕСА, станува збор за светски лидер во набљудувањето на Земјата, со податоци што се користат за документирање на промените на копнените и водните површини и за поддршка на управувањето со катастрофи. Сондата обезбедува континуитет на критични податоци за услугите на Коперник, како што се следење на поплави, лизгање на земјиштето, промени во земјоделството или надзор на морето.

Како дел од мисијата, Сентинел-1Д треба дополнително да ја подобри фреквенцијата и покриеноста на сликите во соработка со Сентинел-1Ц, кој ЕСА го лансираше кон крајот на 2024 година. Според Катрин Молч, раководител на управувањето со мисиите во ЕСА, Сентинел-1Д е дванаесеттиот сателит во орбитата за програмата Коперник.

Номиналното времетраење на мисијата е седум години, а Молч рече дека таа и нејзините колеги се надеваат дека ќе можат да издржат десет.

фото: принтскрин

Текстот Лансиран нов сателит Сентинел-1Д, способен да ја снима Земјата низ облаци е превземен од МАКФАКС.