Ламата во скопската Зоолошка градина пцовисала од туберколоза.
Се огласија од ЗОО Скопје велејќи дека заедно со Факултетот за ветеринарна медицина ја лекувале и третирале и било направено сѐ од медицински аспект и грижа.
„Обдукцијата и резултатите (со ПЦР-метода) кај оваа лама покажаа туберкулоза во процес постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту постои вакцина, а често и со години заболените единки не покажуваат никакви симптоми“, велат од ЗОО Скопје.
Се додава дека во соработка и советување со АХВ (Агенцијата за храна и ветерина) направени се туберкулински тестови на сите лами и секојдневно се следи нивната ситуација и се под медицински надзор.
Ламите се домашни животни од фамилијата камили, кои потекнуваат од Јужна Америка.