Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од домашна атмосфера денеска го честиташе големиот христијански празник Велигден на својот Фејсбук профил.
– Честит Велигден. Христос воскресе.
Моменти поминати со семејството, бесценето. Денес јас бев задолжен за скарата, Антониј вика „тато најдобра скара ти правиш“ (опасен политичар е тој), Јован и Душица со тинејџерски „маки“, а Христијан чека тетин да заврши со ќебапите на жар. Ладно пиво во рака, ќебапи на жар, сонце и многу среќни, весели лица.
Ви посакувам мир во душата, љубов во срцата, насмевка на лицето и Бог со нас, народе македонски, напиша Мицкоски.