Белгија како претседавач со Советот на ЕУ ќе се погрижи ригорозно да се применува методологијата предвидена за проширување врз основа на заслуги и постигнување напредок, изјави денеска министерката за надворешни и европски работи на Белгија, Аџа Лабиб.

На прес-конференцијата, по состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, Лабиб најави дека на крајот на април ќе се одржи неформален состанок на Советот на ЕУ, на кој ќе присуствуваат претставници на „десет земји кои имаат перспектива за приклучување кон Европска унија“.

Процесот на проширување ќе има важно место за време на нашето претседавање и паралелно со внатрешните реформи на Унијата ќе се погрижиме ригорозно да се применува методологијата предвидена за проширување врз основа на заслуги и напредок, посочи Лабиб.