Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против ковид-19 со компаниите „Астразенека“ и „Џонсон и Џонсон“ за следната година, пренесува италијанскиот весник „Ла Стампа“, повикувајќи се на извори од италијанското министерство за здравство.
„Европската комисија, во договор со водачите на многу земји на ЕУ, одлучи дека договорите со компании кои произведуваат вакцини користејќи технологија со вирусен вектор, а кои важат за тековната година, нема да бидат обновени по истекот на договорот“, пишува весникот.
– Advertisement –
Се додава дека Брисел ќе претпочита да се фокусира на вакцините против ковид-19 кои користат mRNA технологија, како што се вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.