Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск се вакцинира против коронавирус со вакцината на „Фајзер/БиоНТек“, објави аргентинскиот весник „Ла Нацио“.
Изданието цитира извор кој вели дека кампањата за вакцинација на Ватикан започнала утрово и 84-годишниот понтиф е еден од првите кои биле вакцинирани.
За три недели се очекува да ја прими втората доза.
Засега нема официјална потврда за оваа информација од Ватикан.(МИА)