Лионел Меси летово ја напушти Барселона и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ.
Меси дури помина 17 години во првиот тим на каталонскиот клуб и се очекуваше дека ќе може да игра таму до крајот на кариерата, но тоа не се случи.
Иако се очекуваше Меси да потпише нов договор со Барселона, на крајот каталонскиот клуб објави дека тоа нема да се случи бидејќи поради финансиски проблеми не може да му понудат на Аргентинецот да ја продолжи соработката.
Заминувањето на Меси од Барселона шокираше многумина, а многумина веруваат дека Ла Лига ќе загуби многу од популарноста поради тоа.
Но, првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, верува дека тоа нема да се случи и со својата изјава ја насмеа фудбалската јавност бидејќи одлучи да ги спореди Меси и Винисиус Јуниор од Реал Мадрид.
Тебас ги коментираше заминувањата на Меси, Нејмар и Кристијано Роналдо кои одлучија да ја напуштат Ла Лига претходните години и јасно е дека популарноста не е толку голема како порано. Но, Тебас навистина не мисли така.
“Не ми е грижа што играчи како Меси, Роналдо и Нејмар ја напуштија Ла Лига. Имаме млади играчи како Винисиус кои можат успешно да ги сменат”, изјави Тебас.
Сепак, многумина не се согласуваат со неговата изјава бидејќи е јасно дека Ла Лига во моментов нема таква везда како Меси и Роналдо, а после се и Нејмар.