Пишува: Ана Чупеска
Замислата за масовна и брза достапност на информација која може да им биде пристапна на сите граѓани е одличен демократски концепт. Истовремено, овој концепт подлежи на многу критики кои го сугерираат и сосем спротивното, а тоа е поврзано со: сериозните злоупотреби на самата демократијата (Nemitz & Pfeffer); со распростанувањето на предаторскиот неолиберализам и надзорен капитализам (Zuboff); па оттука и не случајно денес го сведочиме “златното доба” на нус ефектите поврзани со информатичката технологија која изнудува и синдром на “криво срастање”.
Имено, развојот на дигиталната технологија освен што овозможува брзина, масовна достапност и сл, дефинитивно овозможува и лесно пласирање на секаков вид на информации во јавниот етер без притоа тие да бидат проверени, а уште помалку пласирани со соодветна доза на етичност, професионализам и пред се- одговорност.
Без да навлегувам подлабински во сите останати ефекти поврзани со овие современи демократски предизвици, кои нужно барат многу поширока елаборација, ќе укажам само на некои битни и видни аспекти поврзани со ваквата поставеност на слободниот јавен простор – кој се повеќе ја загадува јавната сфера со лажни вести за кои никој не презема никаква одговорност! Не само кон тие кон кои е упатена, туку и кон целиот медиумски простор предизвикувајќи масовно труење на околината, што само по себе е тотална злоупотреба на основното право на слобода на информирање.
Овој тренд во “медиумите” е веќе до толку залауфан што неговото враќање на вистинскиот колосек претставува сериозен предизвик – како што впрочем изискува и секое исправување на било кое искривено сфаќање на слободата. Но, нас тоа не треба да не плаши, туку да нè мотивира. Има и начини како да се справиме.
Со ефтините лични (дис)квалификации, (полу)вистини, придружени со анти-интелектуализам и наводно понарпднување/упростување на медиумските содржини, веќе очигледно е дека влегуваме во зоната на протофашистичката нарација (Еко). Без исклучок, таа е распорстанета и глобално (Qanon, конспирации, антиваксерство, антискиентенизам, антиинтелектуализам, и слични теми одат во пакет аранжманот). Важно е да ги препознаеме и соодветно да се делува.
Затоа, повторно сакам да го актуелизирам и прашањето за одговорноста на оние кои за туѓи интереси внесуваат немир во нашите животи (како на пример – со бекатон протестот). Тој протест, беше меѓу другото мобилизиран токму преку пласман на ефтини лажни приказни поврзани со наводното уништување на Македонците дисеминирани преку лажни вести. За жал, дел оваа т.н. антибугарска кампања (а во суштина антидржавна кампања!), освен опоцизицата ја тераа и “видни” особи ( да не ги именувам сите ги знаеме) кои долеаа масло во огнот со своето лаење, како и видни “медиуми”, покрај оние без импресум, а не изостанаа со анти-ЕУ кампања и легални политички субјекти кои имаат свои места во Собранието. Со тоа, повторно дојдовме на прагот на уште еден безбедносен јаз.. Уследија судски процеси за напаѓачите, но, повторно, да се запрашаме каде е одговорноста за потпалувачите, инспираторите, знаеме ли воопшто кои се тие?
Слично, со право забележува Борјан Јовановски во својата колумна дека јавноста ја зафалил извесен мазохизам па така заборава да пласира афирмативни вести како онаа од пред некој ден кога …”конечно после четири години блокади од Бугарија, Советот на министрите за внатрешни работи на ЕУ го усвои текстот на договорот Фронтекс на сите официјални јазици на ЕУ и на македонски јазик. Oваа одлука се донесе со гласот за на бугарскиот министер за внатрешни работи чија држава четири години го блокираше усвојувањето на овој документ, токму поради неговата верзија на македонски јазик”… Наместо со тоа, јавноста се бави со ноунејмови кои имаат никакво влијание во Бугарија”…
Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Либертас