Vanke School of Public Health при државниот Универзитет Чинхуа во НР Кина доделува најмногу три стипендии за македонски студенти за меѓународни постдипломски студии за јавно здравје (International Master of Public Health Program – IMPH) за академската 2022-2023 година.

Министерството за образование и наука објави дека стипендијата ги покрива патните трошоци, сместувањето и школарината за 2022-2023. Програмата е на англиски јазик. Краен рок за онлајн-пријавување на оваа мастер-програма е крајот на март 2022 година.

Цели на мастер-програмата се: развивање на способноста на студентите за примена на теориите и аналитичките алатки на јавната здравствена дисциплина во нивната работа; унапредување на разбирањето на студентите за јавните здравствени проблеми во НР Кина и земјите во развој; развивање на способноста на студентите да преземат поголеми лидерски улоги во решавањето на јавните здравствени проблеми; промовирање соработка на Кина со други земји преку градење мрежа на соработка помеѓу универзитетите за глобални прашања од јавното здравство.

Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии треба да достават копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.

Повеќе информации за стипендиите се достапни на: htpp://gradadmission.tsinghua.edu.cn/f/login

Чинхуа Универзитетот е и најпрестижниот во НР Кина, рангиран како прв универзитет во земјата и 43-ти во светот во 2019 година, според Шангајската листа на универзитети. 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.