Македонската ракометна репрезентација со убедлив пораз од 20:32 од Шведска ги започна настапите на Светското првенство во Египет.
Од нашиот табор признаваат дека одиграле под своите можности, а бекот Филип Кузмановски зборуваше и за проблемите кои ги носи пандемијата на коронавирирусот.
– Не одигравме како што знаеме, Шведска беше подобар противник и им честитаме за заслужената победа. Можам да кажам дека организацијата на Мундијалот и хотелот се прекрасни, немаме никакви проблеми, уживам играјќи за првпат во Египет. Искрено, тешко е да се игра во услови на коронавирус, но се надевам дека состојбата ќе се подобри и навивачите наскоро ќе се вратат во салите – изјави Кузмановски.
Вториот натпревар на Мундијалот во Египет, ракометарите ќе го играат утре од 18. часот против домаќинот.