Сигналите од Брисел се навистина јасни, имаме поддршка и европските институции и земјите членки немаат никаква дилема за тоа дека Северна Македонија ги исполни критериумите и дека заслужува да отпочне преговори со ЕУ“, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Таа потенцираше дека е факт дека сме членка на НАТО, факт е дека имаме македонски идентитет забетониран и признати сме со македонски јазик во целиот свет.
Кузеска нагласи дека очекуваме позитивни исходи, но останува да видиме што ќе се случи понатаму, додавајќи дека ветувањето дека ќе влеземе во НАТО, го дадоа многу влади претходно, но само Владата предводена од СДСМ, успеа да го оствари.
Според неа ВМРО-ДПМНЕ седи настрана, се моли за најлошото, сака да не се успее, но за нивна жал и среќа на сите ќе се успее.
-Во овие два дена ВМРО-ДПМНЕ можеше да даде поддршка на лавовската борба, која што ја имаше премиерот Заев и останатите владини претставници со него, во Брисел, тој ја претставува државата и вие можевте да се согласите дека ги поддржувате црвени линии“, истакна Кузеска.