„Резултатите се најдобар показател за успешните економски и меѓународни политики на СДСМ.
Во нашата држава влегува најголемата странска директна инвестиција од независноста до денеска, со рекорден износ од 205 милиони евра.
Гигантот „Јагео“ склучи договор за инвестиција во технолошките зони во Скопје и Штип со нови близу 4.000 добро платени работни места.
Станува збор за реномирана компанија која произведува електронски компоненти за светки познати автомобилски брендови, во телекомуникациите, медицината, зелена енергија
Ова е потврда, економските политики на Ковачевски и СДСМ, членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ донесоа стабилност и предвидлива деловна клима.
Со СДСМ македонската економија успешно ја преброди глобалната енергетска криза и стана уште поатрактивна за странските инвеститори.
Освен приливот на свеж капитал во македонската економија се отвораат и нови, добро платени работни места, се воведуваат иновативни технологии.
Заврши времето кога нашите работници беа промовирани како евтина работна сила, како што тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа растат и платите. Во време на светска економска криза СДСМ ја зголеми минималната плата на 20.175 денари, додека просечната достигна над 34.000 денари. Неспоредливо со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога минималната плата беше едвај 8.000 денари.
Како одговорна политичка партија, ние продолжуваме со реализација на мерки и решенија што македонската економија ја прават поконкурентна.
2023 година е година на економско закрепнување и нов економски напредок“, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.