-Надлежната Собраниска комисија го усвои Предлог Законот за работни односи и даде зелено светло од први јануари да почне примената на законското решение недела да биде неработен ден, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Како што вли таа, во интерес на работниците очекуваат Законот биде усвоен и на пленарна седница.
-СДСМ стои зад работниците, сакаме заеднички да овозможиме позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд од кои придобивки имаат сите.
Недела неработен ден и поголема минимална плата се социјалдемократски политики и затоа СДСМ со партнерите од Владата поднесе и силно ги поддржува измените на законите во интерес на работниците. Право на Синдикатот е на свој начин да се бори за остварување на овие права и ние како партнер на синдикатите тоа го поддржуваме. Граѓаните знаат дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица ги блокираа измените во Законот за работните односи, со што покажаа дека воопшто не им е грижа за работниците. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ силно е против зголемување на минималната плата. Сега, со вклучувањето на Алтернатива се создадоа нови можности, зголеменото и стабилно парламентарно мнозинство да ги порази блокадите и опструкциите на опозицијата, да се обезбеди повисока минимална плата а недела да биде неработен ден! Повисоките плати, поголема минимална плата, се еден од предусловите за задржување на нашите граѓани и граѓанки во државата, вели Кузеска.