Остварен е сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата. Потврда за тоа е и Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл каде Република Северна Македонија има напредок од 24 места, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
-Се наоѓаме на 87 место, во 2020 година бевме рангирани на 111. За 2021 година Македонија има 39 индексни поени, додека во 2020 тој скор бил 35. Ова е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина. Во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата, вели Кузеска.