Прес конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:
Поминаа повеќе од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата да управува во најголем дел од општините низ државата.
Она што граѓаните го гледаат, она што факт е дека во овие шест месеци, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо. Буквално ништо.
Немаат реализирано ниту еден важен проект за граѓаните, ги немаат исполнето изборните ветувања и немаат започнато ниту еден капитален проект.
Неработата е изразена и во градот Скопје. Градоначалничката Арсовска во изминатите 6 месеци нема реализирано ниту еден проект. Нема бесплатен јавен превоз, депонии и ѓубре на секој чекор, нема нови паркови, зеленило, откажан е проектот за современ транспорт БРТ, а нема ниту нови 250 еколошки автобуси.
Јавноста знае дека за набавката на автобусите повикан да зборува се јави и Христијан Мицкоски.
После шест месеци заклучкот е дека градоначлниците на ВМОР-ДПМНЕ се најслабите градоначалници досега. Неспособност и неработа и ништо друго.
Граѓаните ја гледаат оваа неспособност на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секој ден.
Затоа Мицкоски се заканува со блокади, затоа зборува за предвремени избори во време на најголема економска и енергетска криза.
Знае Мицкоски дека рејтингот на неговата партија вртоглаво паѓа и дека го очекува нов пораз на редовните парламентарни избори.
Мицкоски се плаши од редовни избори во 2024 година затоа што знае дека општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ ништо не работат а граѓаните го гледаат тоа.
Ги повикуваме и Мицкоски и градоначалниците на ВМОР-ДПМНЕ да земат нешто да работат.
Институциите, граѓаните, нема да дозволат заради нарачки од Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата.
СДСМ има план да се спротивстави на сите блокади, заедно со коалициските партнери, со парламентарното мнозинство продолжуваме со работа за граѓаните и државата.