Министерката за енергетика, Сања Божиновска ја излажа јавноста. Таа со недели тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и пасош, за јавноста да дознае од бугарските медиуми дека не само што не е откажана, туку и целото нејзино семејство поседува бугарско државјанство. Во Македонија е законски да се има повеќе државјанства и се отвара голема дилема, зошто Божиновска лажеше и криеше за ова, вели Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.
„Министерке Божиновска, двојното државјанство не е спротивно на закон, но криењето и лажењето на јавноста од страна на министер е спротивно на сите етички и морални принципи во политиката. Како граѓантие ќе веруваат во вашата работа и во вашите следни изјави ако уште во првата незгодна ситуација избравте да криете наместо да ја кажете вистината?“, прашува Кузеска и додава:
„Министерката Божиновска покрај овој скандал, се уште не даде одговори за долгот од еден милион евра на компанијата која таа ја водела од Бугарија кон Мепсо. Не даде одговор дали е етички друга компанија од дејноста на енергетиката која исто така била под нејзино водство да биде обвинета за „картелско здружување“. Последните информации кои се уште не се потврдени, а СДСМ ги проверува се дека најавената инвестиција од кинсека компанија за ветерниот парк во Штип исто така е на сомнителен начин поврзана до Божиновска и нејзините претходни бизнис партнери“.
Според неа, заради сите овие скандали, јавноста нема доверба во министерката и потребно е таа да се даде оставка.
„Да се повлече од морални причини а сите останати сомнежи да бидат истражени од институциите. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски донесоа некомпетентни, неморални кадри од чие работење и минато денес ги имаме овие случувања во јавноста“, заврши Кузеска.