Проектот за размена на територии беше целосен неуспех, но идејата се уште живее во Белград. Таму, сите соседни земји кои не се интегрирани во ЕУ, како БиХ, Црна Гора, Косово и Северна Македонија, се сметаат за привремени држави“, рече премиерот на Косово, Албин Курти, цитиран од Б92.
Според него, Србија „ја имитира Руската Федерација и, со зајакнување на сателитските парадржави, сака да ги прикаже своите соседи како нефункционални и да ги претвори во пропаднати држави“.
„Република Косово нема да го дозволи тоа, независно Косово останува тука и е посилно како држава со функционални институции, кое излегува од економската криза и напредува кон Запад. Ние никогаш не се сомневавме во тоа, нашата цел е да влеземе во НАТО и ЕУ“, рече Курти.
Тој изјави и дека односите со Србија се важни, но дека „Косово е независна земја“ во која темата за дијалог со Србија не е меѓу трите главни приоритети.
Во интервју, Курти додаде дека не рекол дека дијалогот ќе биде целосно игнориран, но дека дијалогот со Србија за Косово е на шестото или седмото место на листата од 10 приоритети.