Косовскиот премиер Албин Курти го повика НАТО да го зајакне своето присуство на Косово бидејќи Србија и Русија се закана за неговата земја.
Во изјава за германскиот телевизиски канал Велт Курти истакна дека дополнителните трупи на Косово ќе ја подобрат безбедноста.
„Трупите на КФОР можат да ни помогнат да ги подобриме безбедносните структури и капацитети“, изјави премиерот на Косово.