Премиерот на Косово, Албин Курти денеска од Тетово порача дека Северна Македонија треба што поблиску да биде до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија на претседателот Александар Вучиќ.
„Северна Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира ни од Милошевиќ, ни од Путин. Вака Северна Македонија ќе биде што поблиску до зачленувањето во ЕУ, а нашиот регион на Балканот ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да и помагаме и ќе ја поддржиме Северна Македонија“, порача Курти.