Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека врз основа на документите запленети од косовската полиција, терористичкиот напад на северот на Косово бил дел од поголем план.
Based on confiscated documentation, @Kosovo_Police have confirmed that the terrorist attack was part of a larger plan to annex the north of Kosova via a coordinated attack on 37 distinct positions. Establishing a corridor to Serbia would follow, to enable supply of arms & troops.
— Albin Kurti (@albinkurti) October 2, 2023
„Врз основа на запленетата документација од косовската полиција, потврдено е дека терористичкиот напад бил дел од поголем план за анексија на северот на Косово преку координиран напад на 37 различни позиции. Требало да следува формирање коридор кон Србија, со цел да се овозможи снабдување со оружје и војници“, напиша тој на Твитер.
Претходно, косовската полиција објави снимка на која се гледа воената обука на напаѓачите на територијата на Србија и на воениот полигон на српската армија, а беше утврдено и дека дел од откриеното оружје има директна врска со војската на Србија. Милан Радоичиќ, кој беше потпретседател на Српската листа и близок соработник на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, призна дека тој ја организирал групата. САД и Германија ја повикаа Србија да престане да акумулира војници на границата со Косово и да ги повлече во внатрешноста на Србија. За акумулација на војници известија и косовските безбедносни агенции.