„Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти е еден од најомилените премиери за нас и дефинитивно тој и премиерот на Република Албанија, Еди Рама се едни од најважните премиери во светот за сите Албанци и тоа е тоа“, напиша на социјалните мрежи, министерот за здравство Арбен Таравари.

„Кој мисли поинаку ја сменил ДНК на Албанецот со ДНК од интерес…“, додаде тој.

Претходно, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот на партијата, Бујар Османи, реагираа на изјавата на косовскиот премиер, Албин Курти, кој вчера во Приштина изјави дека албанскиот јазик не е загрозен во Македонија, спротивно на тврдењата на Интегративците.

Во разговор за косовските медиуми, Османи изјави дека изјавата на Курти е штетна и охрабрувачка за сите оние кои сакаат да го поништат Охридскиот договор.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како што пренесоа косовските медиуми, пред сопартијците истакнал дека додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерира да биде погоден Охридскиот договор.