Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, му испратил писмо на косовскиот премиер Албин Курти, во кое, меѓу другото, побарал брзо продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Вархеји рекол дека претворањето на европската перспектива на Косово во реалност бара брзо продолжување на дијалогот, со поддршка на ЕУ и сеопфатно нормализирање на односите со Србија.
– Advertisement –
Како што објави порталот на албански јазик „Телеграф“, еврокомесарот во оваа прилика му честитал на Курти за формирањето на новата влада.
„На изборите во февруари, на народот на Косово му беше даден силен мандат за реформи за зајакнување на владеењето на правото и унапредување на социо-економскиот развој, како и ориентација кон позелена економија. Европската унија е подготвена да ве поддржи во овој поглед“, порачал Вархеји.