Лидерот на Ветвендосје од Косово, Албин Курти, кој ќе биде иден косовски премиер, денеска преку видео порака ги повика Албанците од Северна Македонија што живеат надвор од земјата да се попишуваат преку онлајн апликацијата бидејќи за прв пат тоа ќе можат да го направат од местото на живеење без да бидат принудени да патуваат.
Курти ги потсетува Албанците од Северна Македонија дека според македонскиот устав политичлките права на граѓаните се диктираат и потекнуваат од бројките и затоа попишувањето на секој граѓани е многу важно.
„Ова значи дека политичкото претставување, капиталните инвестиции, вработувањата, дистрибуцијата на буџетот, субвенциите за земјоделците, стипендиите за студентите, донациите за општините, и други зависат токму од бројот на граѓните на двете државотврони заедници на Северна Македонија“, вели Курти во пораката.
Тој ветува дека сите канцеларии на Ветвендосје во светот ќе бидат ставени на располагање на Албанците од Северна Македонија во светот за да им помогнат да се попишуваат.
„Секој поединец е важен и незаменлив. Секоја личност треба да се попишува. Во овој временски рок се определува значењето на Албанците во РСМ. Да го потикнеме попишувањето во секое семејство“, истакнува Курти
Според него, Ветвендосје во Косово победило благодарение на огромното и извонредното учество и на косовската емиграција и верува дека сличен ентузиазам треба да се создаде и кај албанската емиграција од Северна Македонија.
„Секое албанско семејство од Северна Македонија има повеќе членови на фамилја надвор него дома. Ние со дом сме каде што сме, ни да бидеме повеќе ниту помалку, толку колку што сме реално, и за нас ова е многу“, смета Курти.