За денес се најавени протести во Кантонот Сараево заради најавениот карантин за викендот, а најгласни во незадоволството се угостителите, кои бараат конкретно санирање на негативните последици што ги трпат поради мерките воведени за борба против коронавирусот.
Откако синоќа премиерот на Кантонот Сараево, Един Форто објави дека нема да работи ништо за викенд освен бензинските пумпи, аптеки и продавниците за храна. Угостителите и музичарите брзо се организираа на социјалните мрежи и се собраа пред зградата на Кантон, протестирајќи против најавените мерки.
Протестот, но со значително повеќе учесници, е најавен и за денес, а причината за протестот не е затворањето, туку недостатокот на финансиска помош за активности кои веќе една година се борат да ја преживеат пандемијата, пренесува Кликс.ба.
Угостителите бараат од Владата на Кантонот Сараево конкретни мерки за помош, за да можат да ги спасат работниците и да продолжат со деловно работење.