Поранешната функционерка на СДСМ Софија Куновска му испрати порака на Филипче пред денешното обраќање. Таа нагласи дека поранешниот Министер за здравство, кој носи најголема одговорност за тоа што се случи со модуларната болница во Тетово нема образ да застане на прес и побара одговорност, политичка или морална.
„Има да те нема бре Онаа беда од човек на која и се случија 14 мртви во пожар на преплатена модуларна болница, висококоруптивна зделка со преплатени вакцини која за среќа ја спречи СЗО, физолошки раствори наместо хемотерапија, ќе држел прес???“ – напиша Куновска.