„Не верувам дека повлекувањето на Шекеринска е доброволна одлука. Не би правела преголем случај од замнувањето, тоа се посериозни внатрешни процеси во кои неможејќи да се расчисува со се друго се расчистува меѓусебно“, изјави поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска во Дневникот на ТВ24.

Куновска тврди дека партијата СДСМ се претворила во акционерско друштво на Заев и Шекеринска во сооднос 55-45 во предност на Заев.

 

Поранешната пратеничка додава дека Заев е носителот на златниот клуч во СДСМ, и дека стравот кај луѓето кои очекуваат да добијат нешто од СДСМ е голем да кажат нешто против политиките на партијата.

 

„Наместо демократија се создаде султанизација на партијата. Процесите во СДСМ треба да го загрижат секој“, вели Куновска.