-Водата да се користи како техничка, сѐ до конечна потврда од Центарот за јавно здравје кои треба да направат три последователни анализи кои ќе ја потврдат исправноста на водата на пиење, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.
Општинскиот штаб за заштита и спасување на последниот состанок препорача дека водата не смее да се консумира без термичка обработка.
– Напомена дека водата не треба да се консумира без термичка обработка (превривање), соопштија претходно од штабот.