Од овој месец граѓани и правни лица од Струмица ќе плаќаат сметки повисоки за речиси 90 отсто. Наместо 46,5 денари за кубен метар како што беше минатата година, сега крајните корисници ќе плаќаат по 80,4 денари за потрошен кубен метар, пишува „Вечер“.
Веста ја потврди и директорот на ЈП Струмица гас Благој Милановиќ кој соопшти дека зголемувањето на цената е резултат на енергетската криза и зголемените цени од страна на добавувачите.
Во Струмица каде е изградена гасоводна мрежа од околу 40 километри, на гас се креат околу 400 домакинства, фирми и јавни институции.
И домаќинствата и фирмите во Куманово кои користат гас од овој месец ќе плаќаат сметки повисоки за над 200 отсто. Наместо 25 денари за кубен метар како што беше минатата година, сега потрошениот гас ќе го плаќаат по 80 денари. Ова огромно зголемување на цената се должи на светската криза, па ЈП „Куманово-гас“ новата набавка на гас го чинеше двапати поскапо во однос на предходната година.