Eкипата на Барселона мораше да се прости од Меси кој премина во ПСЖ, а пред стартот на сезоната на оваа тема зборуваше Роналд Куман.
Барселона сезоната ја стартува утре во натпревар со Реал Сосиедад.
„Многу се зборуваше за Меси во претходните денови, но тоа е нормално со оглед на она што тој го направи за клубот. Сепак, повеќе го нема и ние имаме многу силен тим. И без Меси кога ќе се вратат повредените играчи ќе имаме екипа за трофеј. Нема изговори, имаме добра предсезона и мораме да продолжиме така. Убеден сум дека навивачите ќе уживаат“.
„За сите е болно што Меси замина, но со минатото не се живее. Се надевам дека ќе ја имаме поддршката од навивачите, пред нас се големи работи“, изјави Куман.